ТИМ НА СЗО ДОЈДЕ ВО ВУХАН ЗА ДА ГО ИСТРАЖИ ПОТЕКЛОТО НА КОВИД-19, КИНА ГО ЗАБЕЛЕЖА ПРВИОТ СМРТЕН СЛУЧАЈ ПО ОСУМ МЕСЕЦИ ПАУЗА

    ТИМ НА СЗО ДОЈДЕ ВО ВУХАН ЗА ДА ГО ИСТРАЖИ ПОТЕКЛОТО НА КОВИД-19, КИНА ГО ЗАБЕЛЕЖА ПРВИОТ СМРТЕН СЛУЧАЈ ПО ОСУМ МЕСЕЦИ ПАУЗАПазарот за морска храна во Вухан се поврзува со почетокот на ширењето на заразата (Фото: Гети)

    Тим на Светската здравствена организација пристигна во кинескиот град Вухан, каде што во наредниот период ќе го истражува потеклото на пандемијата на ковид-19. Долгоочекуваната истрага почнува по неколкумесечни преговори помеѓу СЗО и кинеската влада.

    Група од десетмина научници ќе интервјуира луѓе од истражувачки институти, болници и од пазарот за морска храна, кој се поврзува со почетокот на ширењето на заразата. Тие прво ќе бидат во двонеделен карантин пред да почнат со истрагата, што ќе се потпира исклучиво на примероци и докази обезбедени од кинески официјални лица.

    Коронавирусот кој ја предизвикува болеста што подоцна беше наречена ковид-19 првпат бил идентификуван во Вухан на крајот на 2019. Кина денеска го пријави првиот смртен случај од ковид-19 по осум месеци пауза, додека животот во Вухан во меѓувреме се врати во нормала.

    Кина му дозволи на тимот на СЗО да влезе во земјата откако со месеци негираше дека пандемијата потекнала оттаму.

    „Повеќето научници веруваат дека вирусот е природна појава. Се надевам дека светот ќе го сфати ова исклучиво како научна посета, која нема врска со политика и обвинувања“, вели Дејл Фишер, претседателот на одделот за глобални пандемии во СЗО.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира