ТРАМП Е МНОГУ ДОБРО И НЕ Е НА КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА, РЕКОА ЛЕКАРИТЕ ШТО ГО ЛЕЧАТ ОД КОРОНАВИРУС

    ТРАМП Е МНОГУ ДОБРО И НЕ Е НА КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА, РЕКОА ЛЕКАРИТЕ ШТО ГО ЛЕЧАТ ОД КОРОНАВИРУСД-р Шон Конли вечерва рече дека Трамп 24 часа нема треска, во изјавата за состојбата на претседателот кој вчера беше примен в болница со симптоми по позитивниот тест за коронавирус. (Фото: АП)

    На претседателот на САД Доналд Трамп вели дека му e „многу добро“ вели лекарот кој го лечи од ковид-19 во воена болница во Вашингтон. Д-р Шон Конли вечерва рече дека Трамп 24 часа нема треска, во изјавата за состојбата на претседателот кој вчера беше примен в болница со симптоми по позитивниот тест за коронавирус.

    Конли рече дека претседателот ни во моментов ни изминативе два дена не е на кислородна поддршка, има нормална финкција на бУбрезите и срцето, нема повишен притисок, и рече дека симптомите како кашлица и затнат нос „сега се решаваат и се подобруваат“. Тој кажа дека Трамп е примен в болница поради претпазливост оти е претседател на САД, дека е во генерално добра здравствена состојба и дека ќе остане хоспитализиран и наредните денови заради следење на состојбата.

    Лекарите од тимот кажаа и дека Трамп продолжува да работи од болница. Првата дама Меланија Трамп се лекува дома оти има само благи симптоми.

    Дијагнозата, објавена со твит вчера, на еден месец пред изборите, ја запре неговата кампања, а го доведе во прашање неговиот обид новата судијка во Врховниот суд да биде изгласана пред изборите.

    Д-р Конли рече дека тимот работел 72 часа со позитивна дијагноза, што – ако биде потврдено – би сугерирало дека претседателот присуствувал на настан во четвртокот вечерта знаејќи дека е заразен.

    Трамп, кој има 74 години и се смета за дебел со 110 кила, е во категорија со повисок ризик за ковид-19.

    Трамп се лекува со коктел со поликлонални антитела на регенерон, лек што се дава за да се намали нивото на вирусот и за брзо опоравување, кој уште е во клинички испитувања, а производителот Регенерон обезбедил една доза за претседателот. Трамп добива и ремдесивир, кој влијае откако вирусот ќе зарази една од клетките на телото. Лекот ја нарушува способноста на вирусот да направи илјадници копии од себе и според студиите, ова може да го скрати текот на инфекцијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира