ТРАМП СЕ ПОФАЛИ ДЕКА ГИ НАТЕРАЛ ЧЛЕНКИТЕ НА НАТО ДА ГИ ЗГОЛЕМАТ СВОИТЕ ВОЕНИ БУЏЕТИ

    ТРАМП СЕ ПОФАЛИ ДЕКА ГИ НАТЕРАЛ ЧЛЕНКИТЕ НА НАТО ДА ГИ ЗГОЛЕМАТ СВОИТЕ ВОЕНИ БУЏЕТИГи искритикува сојузниците дека САД трошат многу повеќе од нив. - Доналд Трамп (Фото: Гети)

    Доналд Трамп изјави дека земјите-членки на НАТО се согласиле да го зголемат буџетот на своите армии, кој сега ќе изнесува повеќе од два отсто од нивниот бруто домашен производ.

    Зборувајќи на Самитот на НАТО во Брисел, Трамп ги искритикува сојузниците дека САД плаќаат повеќе од другите.

    „Јас верувам во НАТО и моментално не размислуваме да се повлечеме од него“, изјави Трамп.

    Во 2014 година, членките на НАТО се договорија да ги зголемат своите воени буџети до 2024 година, но Трамп инсистираше ова да се случи многу порано, барајќи од нив за тоа да издвојуваат четири отсто од бруто домашниот производ.

    „Направивме огромен напредок денеска. Беше неверојатно да се види толкав дух во просторијата“, кажа Трамп, додавајќи дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му дал зелено светло за зголемено трошење.

    Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека сите членки ѝ остануваат целосно посветени на Алијансата, откако Трамп го искритикува воениот буџет на Германија и ја обвини дека е целосно контролирана од Русија, бидејќи зависи од нејзините извори на енергија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари