ТРАМП ЈА ПРЕДУПРЕДИ ТУРЦИЈА ДЕКА НАПАДОТ НА СИРИЈА Е ЛОША ИДЕЈА

    ТРАМП ЈА ПРЕДУПРЕДИ ТУРЦИЈА ДЕКА НАПАДОТ НА СИРИЈА Е ЛОША ИДЕЈАНејасно е колкав ќе биде обемот на новата турска офанзива во северна Сирија (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека САД не ја поддржуваат турската воена акција во Сирија, нарекувајќи ја „лоша идеја“.

    Тој се огласи неколку часа откако турските сили почнаа офанзива против курдските милиции во Сирија, со цел, како што соопшти Анкара, да се создаде сигурна зона во пограничниот регион и таму да се преселат два милиона сириски бегалци, кои моментално се во Турција.

    Турски борбени авиони попладнево бомбардираа делови од североисточна Сирија и Сириските демократски сили кажаа дека биле погодени неколку цели, при што загинале најмалку двајца цивили. Тие ветија дека ќе дадат жесток отпор на секој обид на турските сили да ја преминат границата.

    „САД не го поддржуваат овој напад и јасно ѝ дадоа на знаење на Турција дека тоа е лоша идеја. Ниту еден американски војник моментално нема во таа област и од прв ден откако станав претседател кажував дека не сакам да бидеме дел од овие бесконечни, бесмислени војни. САД ќе продолжат да ја набљудуваат ситуацијата“, изјави Трамп.

    Курдите чуваат илјадници заробени припадници на Исламска држава и нивни семејства во тамошни кампови и нејасно е што ќе се случува со нив. Нејасно е и колкав ќе биде обемот на новата турска офанзива, трета во северна Сирија во последните три години.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари