ТРАМП НЕМА ДА ОДИ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА БАЈДЕН, ПРЕКИНУВАЈЌИ ТРАДИЦИЈА ОД 150 ГОДИНИ

    ТРАМП НЕМА ДА ОДИ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА БАЈДЕН, ПРЕКИНУВАЈЌИ ТРАДИЦИЈА ОД 150 ГОДИНИТрамп вети дека ќе обезбеди мирна и законска транзиција на власта (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека нема да присуствува на инаугурацијата на Џо Бајден на 20 јануари, прекинувајќи традиција долга повеќе од 150 години. Актуелниот претседател не откри како ќе ги помине своите последни 12 денови во Белата куќа, но вети дека ќе работи на тоа да се обезбеди мирна и законска транзиција на власта.

    Последниот претседател кој го направил ова бил Ендрју Џонсон, кој во 1869 година одбил да патува на церемонијата во иста кочија со неговиот наследник Јулисис Грант.

    „До сите оние кои ме прашуваа, нема да одам на инаугурацијата на 20 јануари“, напиша Трамп на Твитер.

    За разлика од него, актуелниот потпретседател Мајк Пенс се очекува да присуствува на прогласувањето на Бајден за нов претседател, иако засега не го потврдил ова.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира