ТРАМП ОЧЕКУВАЛ МИЛИОН ЛУЃЕ НА МИТИНГОТ ВО ТУЛСА ОТКАКО ТИНЕЈЏЕРИ МАСОВНО СЕ ПРИЈАВУВАЛЕ ПРЕКУ СОЦИЈАЛНАТА МРЕЖА ТИКТОК

    ТРАМП ОЧЕКУВАЛ МИЛИОН ЛУЃЕ НА МИТИНГОТ ВО ТУЛСА ОТКАКО ТИНЕЈЏЕРИ МАСОВНО СЕ ПРИЈАВУВАЛЕ ПРЕКУ СОЦИЈАЛНАТА МРЕЖА ТИКТОКДелови од салата со 19.000 седишта останаа празни на вчерашниот митинг (Фото: АП)

    Кампањата на Доналд Трамп најави огромна маса народ на неговиот предизборен митинг во Тулса, што се одржа вчера, но тоа не се оствари. Стотици тинејџери, корисници на социјалната мрежа ТикТок и фанови на корејскиот поп, се делумно виновни за тоа.

    Бред Парскејл, претседателот на кампањата за реизбор на Трамп, пред неколку дена кажа дека примиле повеќе од еден милион барања за карти за присуство на митингот, но делови од салата со 19.000 седишта останаа празни.

    Како што објави Си-Ен-Ен, сѐ почнало кога 51-годишната Мери Џо Лауп од Форд Доџ, Ајова, објавила видео на ТикТок, охрабрувајќи ги луѓето да одат на интернет страницата на Трамп и да се пријават за присуство на митингот и потоа да не се појават.

    „Сите вие кои сакате да ја видите салата празна или делумно полна резервирајте карта и оставете го Трамп да стои сам на сцената“, им кажала Лауп на своите следбеници на ТикТок, кој е попознат како платформа на која тинејџери танцуваат, отколку по политички активизам.

    Таа инспирираше голем број корисници на ТикТок да објават видео покажувајќи дека се пријавиле за присуство на митингот. Трендот потоа се прошири и на Твитер и Инстаграм.

    Едно видео, прегледано 250.000 пати, ги повика фановите на корејскиот поп да се придружат на кампањата само за да се подбиваат со Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира