ТРАМП ПОДГОТВЕН ДА ГО ЖРТВУВА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ ЗАРАДИ ПОВТОРНОТО ОТВОРАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА

    ТРАМП ПОДГОТВЕН ДА ГО ЖРТВУВА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ ЗАРАДИ ПОВТОРНОТО ОТВОРАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТАТрамп посети фабрика за заштитни маски во Аризона, но самиот не носеше маска (Фото: АП)

    Доналд Трамп потврди дека овој месец ќе го распушти својот специјален тим за борба против коронавирусот, иако експертите предупредуваат дека најлошото не поминало.

    „Си ја враќаме назад нашата земја“, кажа Трамп при посетата на фабрика за заштитни маски во Аризона, каде што самиот не носеше маска.

    Интерен извештај што протече од Белата куќа предвидува дека во САД до крајот на јуни би можело да има 3.000 починати од КОВИД-19 на ден, па новиот потег на Трамп ги зголеми грижите и критиките дека тој го жртвува јавното здравје на Американците заради економските императиви.

    „Мајк Пенс и специјалниот тим завршија одлична работа, но сега ни треба една поразлична форма, а тоа се безбедноста и повторното отворање. Мора повторно да ја отвориме земјата и тоа мора да го направиме наскоро. Не можам да кажа дека сѐ е совршено. Свесен сум дека поради тоа некои ќе бидат погодени и тоа многу лошо“, изјави Трамп.

    Според универзитетот Џонс Хопкинс, во САД досега има 1,2 милиона потврдени случаи на коронавирус и 70.000 починати. Моментално на дневна основа има 20.000 новозаразени и над 1.000 смртни случаи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира