ТРАМП ПОТПИША ИЗВРШНА НАРЕДБА КОЈА ОВОЗМОЖУВА ТВИТЕР И ФЕЈСБУК ДА БИДАТ ТУЖЕНИ ЗА ОБЈАВЕНА СОДРЖИНА

    ТРАМП ПОТПИША ИЗВРШНА НАРЕДБА КОЈА ОВОЗМОЖУВА ТВИТЕР И ФЕЈСБУК ДА БИДАТ ТУЖЕНИ ЗА ОБЈАВЕНА СОДРЖИНАТрамп влезе во нова фаза од војната со технолошките компании (Фото: АП)

    Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се отстранува дел од законската заштита што ја добиваат социјалните медиуми. Тоа значи дека компаниите како Фејсбук и Твитер ќе можат да бидат тужени за начинот на кој ги третираат објавените содржини на своите платформи.

    Во наредбата стои дека социјалните мрежи се вклучени во „селективна цензура“. Трамп редовно ги обвинува социјалните мрежи дека ги задушуваат или цензурираат мислењата на конзервативците и дека имаат неконтролирана моќ.

    Твитер, Фејсбук и Јутјуб имаат правен имунитет затоа што се третираат како „платформи“, а не како „издавачи“ . Издавачите кои продуцираат новинарска содржина можат да се соочат со тужби заради објавеното.

    Твитер вчера за првпат го опомена Трамп за објавување лажни вести, означувајќи еден негов твит поврзан со годинашните избори со предупредување за проверка на факти. Трамп потоа дури се закани дека ќе ги укине социјалните мрежи.

    Извршната наредба на Трамп се однесува на закон од 1996 година кој на онлајн платформите како Твитер, Фејсбук и Јутјуб им дава законска заштита во одредени ситуации. Експертите ја опишуваат секцијата 230 од овој закон како „26 зборови кои го креирале интернетот“. Според оваа секција, социјалните мрежи генерално не се одговорни за содржините што ги објавуваат корисниците, но можат да ги блокираат.

    Ова е драматична ескалација во војната на Трамп со технолошките компании, кои се мачат да се справат со сѐ поголемиот проблем на лажни вести и дезинформации.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира