ТРАМП ПОТВРДИ ДЕКА ТАЈНО СМЕНИЛ АВИОНИ НА АЕРОДРОМОТ ВО АНКАРА ПОРАДИ МОЖЕН ИРАНСКИ НАПАД

    ТРАМП ПОТВРДИ ДЕКА ТАЈНО СМЕНИЛ АВИОНИ НА АЕРОДРОМОТ ВО АНКАРА ПОРАДИ МОЖЕН ИРАНСКИ НАПАДТрамп се качил во „Ер форс уан“ пред телевизиските камери, пред да се скрие во камион за кетеринг за да биде превезен до друг авион (Фото: АП)

    Доналд Трамп потврди дека тајно ги заменил авионите додека го напуштал самитот на НАТО во Анкара минатиот месец поради можна закана од Иран.

    „Јас се држам до Тајната служба и војската. Тие сакаа да одам со друг авион. Морам да го правам она што го велат“, кажа Трамп.

    Ова следува по извештаите дека Трамп се качил во „Ер форс уан“ на 8 јули пред телевизиските камери, пред да се скрие во камион за кетеринг за да биде превезен до друг авион. Ова покрена прашања дали оние кои останале во авионот-мамка биле ставени во опасност, но Трамп тврди дека воениот авион во кој се качил бил во поголем ризик.

    Официјални лица изјавија за „Си-Би-Ес њуз“ дека САД откриле веродостојна иранска закана за испукување ракета кон авионот. „Њујорк тајмс“ објави дека американските разузнавачки служби имале информации дека во близина на самитот на НАТО било видено лице со рачен ракетен фрлач..

    Новинарите и дел од персоналот на Белата куќа во „Ер форс уан“ не знаеле дека американскиот претседател бил префрлен во друг авион. Трамп претходно кажа дека е мета број еден за Иранците.

    Претпоставувам дека имаше закана таму некаде. Навистина не прашував премногу за тоа. Добивам многу закани. Имам многу закани за кои вие не знаете“, рече Трамп.

    Тој пристигна во Турција со „боинг 747-8“ дониран од Катар, но најави дека ќе замине со стариот „Ер форс уан“. Место со него, Трамп заминал од Турција со помалиот воен авион „Ц-32А“, што често го користи потпретседателот. Во него се качил и министерот за одбрана Пит Хегсет, користејќи надворешни скали, во обид летот да изгледа нормално,

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира