ТРАМП ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ЌЕ ИМА КРВОПРОЛЕВАЊЕ АКО НЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ

    ТРАМП ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ЌЕ ИМА КРВОПРОЛЕВАЊЕ АКО НЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕНа митинг во Охајо, Трамп вети 100% царинска стапка за автомобилите произведени надвор од САД. (Фото: Икс/принтскрин)

    Поранешниот американски претседател Доналд Трамп кажа дека ако тој ги изгуби претседателски избори годинава, ќе има „крвопролевање“ за американската автомобилска индустрија и за земјата.

    На митинг во Охајо, тој вети 100% царинска стапка за автомобилите произведени надвор од САД, тврдејќи дека американската автомобилска индустрија ќе биде заштитена само ако тој биде избран за претседател во ноември.

    „Ќе ставиме 100% царинска стапка на секој автомобил што доаѓа надвор од границите, и нема да можете да ги продадете ако јас станам претседател. Сега, ако јас не бидам избран, ќе има крвопролевање, но тоа нема да биде сè. Ќе има крвопролевање за целата земја“, кажа Трамп пред своите поддржувачи во Вандалија.

    Претходно, тој зборуваше за фабриките за автомобили што ги гради Кина во Мексико и му се обрати директно на кинескиот претседател Си.

    „Ако ме слушаш, претседателе Си, а јас и ти сме пријатели, но ти сфаќаш како јас работам. Тие големи фабрики за автомобили што ги градиш во Мексико во моментов… таму нема да се вработуваат Американци и ќе сакаш да ни ги продаваш тие автомобили“, рече Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира