ТРАМП ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА НЕГОВОТО ОТПОВИКУВАЊЕ МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО ГРАЃАНСКА ВОЈНА

    ТРАМП ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА НЕГОВОТО ОТПОВИКУВАЊЕ МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО ГРАЃАНСКА ВОЈНААмериканскиот претседател Доналд Трамп побара и да се сретне со свиркачот, кој го откри скандалот со Украина. (архивска фотографија)

    Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека ако биде отповикан тоа ќе предизвика поделба како во Граѓанската војна во серија твитови ноќеска, цитирајќи го Роберт Џефрис, свештеник и чест гостин на „Фокс Њуз“.

    „Ако Демократите успеат да го отстранат претседателот од функцијата (нешто што никогаш нема да се случи), тоа ќе предизвика поделба ако во Граѓанската војна во оваа нација од која нашата земја никогаш нема да залечи“, ги пренесе Трамп зборовите на Џефрис.

    Трамп потоа побара да се сретне со свиркачот, кој го откри скандалот со Украина по кој почна процедурата за отповикување, и предупреди за големи последици за сите вклучени.

    Трамп рече и дека сака да го испраша Адам Шиф, Демократ кој е на чело на Комитетот за разузнавање, обвинувајќи го за измама и предавство.

    „Како и секој Американец, јас заслужувам да се сретнам со тој што ме обвинува, посебно во случајов, кога т.н. ’свиркач‘ претстави еден совршен разговор со странски лидер на еден тотално неточен и измамнички начин. А потоа Шиф измисли што всушност сум кажал и го излажа Конгресот“, додаде Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира