ДЕМОКРАТИТЕ ЈА ПОЧНАА ПОСТАПКАТА ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА ТРАМП ПОРАДИ СКАНДАЛОТ СО УКРАИНА

    ДЕМОКРАТИТЕ ЈА ПОЧНАА ПОСТАПКАТА ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА ТРАМП ПОРАДИ СКАНДАЛОТ СО УКРАИНАТрамп е обвинет дека вршел притисок врз украинскиот претседател Зеленски со цел да му наштети на неговиот политички ривал Џо Бајден (Фото: АП)

    Демократската партија почна и официјална истрага за отповикување на претседателот Доналд Трамп поради обвинувањата дека вршел притисок врз странска држава со цел да му наштети на негов политички противник.

    Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси изјави дека претседателот „мора да се повика на одговорност“. Трамп ги отфрли обвинувањата, што ги нарече лов на вештерки.

    Искусни демократи, вклучувајќи ја и Пелоси, досега ги одбиваа повиците од својата партија да се покрене постапка за отповикување на Трамп, но овојпат, тие се обединија околу најновиот скандал со Украина.

    Свиркач од разузнавачките кругови поднесе жалба поради еден или повеќе телефонски разговори помеѓу Трамп и украинскиот претседател Зеленски. Во нив, Трамп ѝ се заканува на Украина дека ќе ја запре американската воена помош доколку Зеленски не се согласи да ги истражи неоснованите тврдења за корупција против Џо Бајден и неговиот син Хантер.

    Демократите дадоа голема поддршка за отповикување на Трамп, но се верува дека постапката нема да помине во Сенатот, каде што републиканците имаат мнозинство. Ако дојде до гласање, Трамп би бил трет американски претседател против кого бил покренат импичмент, по Ендрју Џонсон во 1868 и Бил Клинтон во 1998 година. Ричард Никсон поднесе оставка во 1974 година пред да биде отповикан.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари