ТРАМП ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО КАЛИФОРНИЈА, ПОЖАРИТЕ СЕ ДВИЖАТ КОН САН ДИЕГО

    ТРАМП ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО КАЛИФОРНИЈА, ПОЖАРИТЕ СЕ ДВИЖАТ КОН САН ДИЕГОПожарите се потпомогнати од екстремните временски услови, како ниска влажност, силни ветрови и суво земјиште, а вакви услови се најавуваат и за викендот (Фото: Ројтерс)

    Претседателот Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во Калифорнија, а над 200.000 луѓе се евакуирани од своите домови, како што пожарникарите продолжуваат да се борат со неколку големи пожари.

    Гувернерот Џери Браун ја опиша ситуацијата на подрачјето на Сан Диего како критична, откако нов пожар за само неколку часа се прошири од четири на 1.660 хектари. Досега се уништени 500 објекти, а тројца пожарникари се повредени.

    Огнот не престанува да доаѓа кон нас. Областа Сан Диего ќе помине низ многу опасен период во наредните 24, 48 часа“, кажа заменикот шериф на Сан Диего, Рон Лејн.

    Околу 5.700 пожарникари веќе петти ден се борат со пожарите, потпомогнати од екстремните временски услови: ниска влажност, силни ветрови и суво земјиште. Првпат во историјата, беше прогласена виолетова тревога, што е највисок степен на опасност.

    Најголемиот пожар наречен Томас, кој беснее северно од Лос Анџелес, се прошири сѐ до пацифичкиот брег. Тој уништи 430 објекти на површина од 466 квадратни километри.

    Повеќе од 450 расни тркачки коњи биле пуштени да избегаат во областа Сан Диего и не е познато колку од нив преживеале, објави АП.

    Временските услови и за претстојниот викенд не им одат во прилог на пожарникарите.

    Ова ни оддалеку не е готово. Илјадници домови се на патот на огнот“, кажа Лејн.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира