ТРАМП САКА ДА ГИ УКИНЕ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

    ТРАМП САКА ДА ГИ УКИНЕ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛАКупувачите на електрични автомобили во САД добиваат поврат на данокот меѓу 2.500 и 7.500 долари (Фото: Ројтерс)

    Советникот по економски прашања во Белата куќа Лери Кудлоу изјави дека администрацијата на Трамп сака да ги укине субвенциите за електрични автомобили и за обновливи извори на енергија.

    Тие беа воведени од администрацијата на Барак Обама, при што секој купувач на електричен автомобил се помага со поврат на данок меѓу 2.500 и 7.500 долари.

    „Нашата политика сака да стави крај на сите субвенции воведени од администрацијата на Обама, вклучувајќи ги и оние за купување електрични возила. Тоа ќе заврши во блиска иднина, не сум сигурен само дали во 2020 или во 2021 година“, изјави Кудлоу.

    Конгресот ограничува секој автопроизводител на 200.000 субвенционирани возила и „Тесла“ уште во јуни го надминал прагот, а „Џенерал моторс“ очекува да го достигне до крајот на оваа година, но на некои други ќе им требаат неколку години за тоа.

    Бидејќи демократите ќе го преземат мнозинството во Претставничкиот дом во јануари, се верува дека тие нема да ја поддржат оваа одлука.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира