ТРАМП СЕ ИСПРАВИ – ВЕРУВА ДЕКА РУСИЈА СЕ МЕШАЛА ВО ИЗБОРИТЕ НА САД

    ТРАМП СЕ ИСПРАВИ – ВЕРУВА ДЕКА РУСИЈА СЕ МЕШАЛА ВО ИЗБОРИТЕ НА САДПогрешно се изразил по самитот во Хелсинки. - Доналд Трамп (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека го прифаќа заклучокот на американските разузнавачки агенции дека Русија се мешала во изборите во 2016 година, само ден откако го негираше ова по самитот со Владимир Путин во Хелсинки.

    Тој се соочи со жестоки критики од домашната јавност и од свои сојузници откако кажа дека нема причина да не му верува на Путин дека Русија не се мешала и со тоа му помогнала да победи.

    „Путин кажа дека тоа не била Русија. Нема зошто да не му верувам“, рече Трамп по самитот.

    Трамп им појасни на новинарите во Вашингтон дека погрешно се изразил и дека всушност сакал да каже дека не гледа причина зошто тоа не би била Русија.

    „Имам голема доверба и им давам полна поддршка на нашите разузнавачки служби и ќе преземам силни мерки за да го заштитам изборниот процес. Мешањето немало никакво влијание врз изборните резултати“, изјави Трамп, но не одговори на прашањето дали ќе го осуди Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира