ТРАМП СЕ ЛЕКУВА СО РЕМДЕСИВИР И РЕГЕНЕРОН, ЛЕКОВИ КОИ ДИРЕКТНО ВЛИЈААТ НА УНИШТУВАЊЕ НА КОВИД-19

    ТРАМП СЕ ЛЕКУВА СО РЕМДЕСИВИР И РЕГЕНЕРОН, ЛЕКОВИ КОИ ДИРЕКТНО ВЛИЈААТ НА УНИШТУВАЊЕ НА КОВИД-19Во видеото долго 18 секунди објавено синоќа на Твитер, Трамп вели: „Мислам дека ми е многу добро. Но ќе осигураме дека ќе биде добро. Првата дама е многу добро. Па фала ви“. (Фото: Принтскрин од видео)

    Американскиот претседател Доналд Трамп, кој синоќа беше пренесен в болница помалку од 24 часа по позитивниот тест за коронавирус, се лекува со две терапии. Неговиот лекар Шон Кинли кажа дека тој добива 8 грама коктел со поликлонални антитела на регенерон, лек што се дава за да се намали нивото на вирусот и за брзо опоравување. Трамп добива и ремдесивир, кој влијае откако вирусот ќе зарази една од клетките на телото. Лекот ја нарушува способноста на вирусот да направи илјадници копии од себе и според студиите, ова може да го скрати текот на инфекцијата.

    Професорот и епидемиолог Питер Хорби од Универзитетот Оксфорд, вели дека регенерон е „коктел од две антитела“. Тој изјави дека вештачки создадените антитела, кои ja имитираат природната одбрана на телото од вируси, се направени така да силно да се врзат со протеинот на површината на вирусот.

    „Помага на тој начин што го спречува вирусот да се прврзе на клетките, да влезе во нив и да ги замени. Исто така му помага на нашиот имун систем да го нападне или убие вирусот“, вели професорот.

    Хорби кажа дека тоа е еден од лековите против ковид-19 кои „најмногу ветуваат“, има голем резутлтат во клиничките истражувања и дека веќе се дава на пациенти во три болници во Англија, а наскоро ќе го добијат и пациенти во 30-40 болници низ Англија. Во САД е исто така во експериментална фаза на клинички испитувања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира