ТРАМП СЕ ОДНЕСУВА КАКО МАФИЈАШ, ВЕЛИ БИВШИОТ ШЕФ НА ФБИ КОМИ ВО МЕМОАРИТЕ

    ТРАМП СЕ ОДНЕСУВА КАКО МАФИЈАШ, ВЕЛИ БИВШИОТ ШЕФ НА ФБИ КОМИ ВО МЕМОАРИТЕПретпродажбата на „Повисока лојалност: вистина, лаги и водство“ веќе ја направија книгата бестселер на „Амазон“. - Џејмс Коми (Фото: АП)

    Сојузниците на Доналд Трамп ја засилија својата интернет кампања, која има за цел да се дискредитираат мемоарите на поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, уште една книга која го оцрнува актуелниот претседател на САД.

    Книгата на Коми, кој беше отпуштен минатата година, ќе излезе наредната недела и тој во неа, меѓу другото, го споредува Трамп со мафијаш, а неговото водење на државата го нарекува егоистично.

    „Интеракциите со Трамп ме потсетија на мојата рана кариера како обвинител во борбата против мафијата. Газдата има целосна контрола, постои тивок круг на одобрување и се даваат заклетви. Погледот на светот е јас против нив. Лажењето за сите работи, и мали и големи, во служба на некаков код на лојалност ја поставува организацијата над моралноста и вистината. Резултатот е шумски пожар во вид на владеењето на Трамп“, пишува Коми во својата книга.

    Претпродажбата на „Повисока лојалност: вистина, лаги и водство“ веќе ја направија книгата бестселер на „Амазон“.

    Тој вели дека никогаш не го видел Трамп да се смее, што, според него, е знак дека е „длабоко несигурен, ранлив и без почит кон хуморот на другите“.

    „Претседателствувањето на Доналд Трамп е закана за повеќето она што е добро во оваа нација“, пишува Коми.

    Тој открива и дека Трамп од него барал да побива шпекулации, кои би можеле да ја повредат неговата сопруга Меланија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира