ТРАМП СЕ ШЕТАШЕ НИЗ ФАБРИКА НА „ФОРД“ БЕЗ МАСКА ЗАШТО НЕ САКАЛ НОВИНАРИТЕ ДА ГО ВИДАТ КАКО ЈА НОСИ

    ТРАМП СЕ ШЕТАШЕ НИЗ ФАБРИКА НА „ФОРД“ БЕЗ МАСКА ЗАШТО НЕ САКАЛ НОВИНАРИТЕ ДА ГО ВИДАТ КАКО ЈА НОСИДржавната обвинителка на Мичиген го опиша Трамп како разлигавено дете кое одбива да ги следи правилата (Фото: Гети)

    Доналд Трамп се спротивстави на наредбите на извршните директори и беше наречен „разлигавено дете“ од државната обвинителка откако одби да носи заштитна маска при посетата на фабриката на „Форд“ во Мичиген.

    Окружен од директорите кои носеа маска, Трамп им кажа на новинарите дека и тој ја носел претходно додека не го снимаа камерите.

    Не е неопходно да носам маска, се тестирав. Но, ја носев претходно. Не сакав да им го дадам тоа задоволство на новинарите да ме видат како носам маска“, изјави Трамп.

    Иако од компанијата претходно навестија дека Трамп би требало да носи маска при посетата на фабриката, извршниот претседател на „Форд“ Бил Форд кажа дека „тоа е сепак негова одлука“.

    „Претседателот Трамп е како разлигавено дете кое одбива да ги следи правилата. Ова не е шега. Однесувањето на Трамп е крајно разочарувачко“, изјави државната обвинителка на Мичиген, Дејна Несел.

    Во САД досега има повеќе од 1,5 милиони случаи на коронавирус, а бројката починати се искачи на 94.000.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари