ТРАМП СЕ ВРАТИ ВО БЕЛАТА КУЌА И ВЕДНАШ ЈА ТРГНА МАСКАТА

    ТРАМП СЕ ВРАТИ ВО БЕЛАТА КУЌА И ВЕДНАШ ЈА ТРГНА МАСКАТАТрамп се појави на балконот на Белата куќа по излегувањето од болница (Фото: Ројтерс)

    Доналд Трамп имаше театарско враќање во Белата куќа по тридневниот престој во болница поради ковид-19 и ја тргна маската кога на балконот позираше за фотографирање. Неговиот лекар Шон Конли кажа дека тој ќе го продолжи лекувањето во Белата куќа, зашто сѐ уште не е целосно заздравен.

    Пред да излезе од болницата „Волтер Рид“, Трамп им порача на Американците да не се плашат од ковид-19 и најави дека наскоро ќе се врати во претседателската кампања.

    Тој одби да одговори на новинарски прашања на излегување од болницата, а по краткото патување со хеликоптер, сам се појави на балконот на Белата куќа, ја тргна маската и отпоздрави во војнички стил. Потоа објави кратко видео во кое им порача на Американците да се вратат на работа.

    „Ќе го победите коронавирусот. Ја имаме најдобрата медицинска опрема, ги имаме најдобрите лекови и сето тоа е неодамна развиено. Ќе бидеме во првите редови. Како ваш лидер, јас морав да го направам тоа, иако знаев дека има опасности. Стоев напред и предводев“, изјави Трамп и додаде:

    „Сега сум подобро. Можеби сум имун, не знам“.

    Според американските здравствени протоколи, Трамп би требало да остане во изолација десет дена од појавата на симптомите. Белата куќа кажа дека тој почнал да се чувствува лошо во четвртокот наутро.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира