ТРАМП СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ЈА УНИШТИ ЕКОНОМИЈАТА НА ТУРЦИЈА АКО ПРЕТЕРА СО ОФАНЗИВАТА ПРОТИВ КУРДИТЕ

    ТРАМП СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ЈА УНИШТИ ЕКОНОМИЈАТА НА ТУРЦИЈА АКО ПРЕТЕРА СО ОФАНЗИВАТА ПРОТИВ КУРДИТЕТрамп ја брани својата одлука за повлекување на американските сили од Сирија, но и му испрати предупредување на Ердоган (Фото: АП)

    Доналд Трамп ѝ се закани на Турција дека ќе ја уништи нејзината економија доколку таа ги „премине границите“ по изненадувачката одлука за повлекување на американските сили од североистокот на Сирија.

    Во серија гневни објави на Твитер, Трамп го брани потегот со кој на Турција ѝ се отвораат врати за офанзива против курдските милиции во Сирија, што беше жестоко критикувано и од неговите републиканци, имајќи предвид дека Курдите беа главен сојузник на САД во борбите кои доведоа до поразот на Исламска држава.

    Според висок претставник на Белата куќа, САД имаат околу илјада војници во Сирија и само мал број од нив бил повлечен, што од Курдите беше опишано како „забивање нож во грб“.

    Сепак, Трамп ја предупреди Турција да не ја злоупотребува неговата одлука.

    „Ќе го кажам она што сум го кажал и порано: ако Турција направи што било што јас ќе го сметам за претерано, целосно ќе ја уништам и избришам нејзината економија. Таа, заедно со Европа и останатите, мора да преземе одговорност за заробените борци на ИСИС и нивните фамилии. Сега е време регионот да ја заштити својата сопствена територија“, напиша Трамп.

    Турскиот претседател Ердоган кажа дека целта на најавената офанзива е да ги избрка курдските борци подалеку од границата и таму да направи сигурна зона за два од 3,6 милиони бегалци од Сирија кои моментално се во Турција.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари