ТРАМП СЕКСУАЛНО НАПАДНАЛ И НОВИНАРКА СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"САД,(Пиплидругиизвори)

    ТРАМП СЕКСУАЛНО НАПАДНАЛ И НОВИНАРКА СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО

    Канадската новинарка со македонско потекло Наташа Стојноф објави дека во 2005, додека работела во магазинот „Пипл“, сегашниот републикански кандидат за претседател на САД Доналд Трамп сексуално ја нападнал при интервју во неговата куќа. Во личното сведоштво што го објави Стојноф завчера во „Пипл“, таа раскажува дека на 5 декември 2005 ја посетила брачната двојка Доналд и Меланија Трамп во нивната луксузна куќа во Мар-а-Лаго на Флорида за интервју по повод првата годишнина од бракот.

    „Кога направивме пауза за Меланија, која тогаш беше во поодмината бременост, да оди да се преслече за фотосесијата, Трамп сакаше да ми го покаже имотот и инсистираше дека има една ’исклучитечна’ соба која мора да ја видам. Влеговме во собата и Трамп ја затвори вратата зад нас. Се свртев, и за секунда Трамп ме притисна на ѕидот и ми го втурна јазикот до грло. Јас сум висока девојка, порасната во тепачк со двајца огромни браќа. Еднаш дури бев спаринг партнер и на Мајк Тајсон. Треба многу за да ме бутнеш. Но Трамп е многу поголем – надвиснат – и беше брз, ме фати на изненадување и ме исфрли од рамнотежа. Бев благодарна кога долгогодишниот батлер на Трамп влета во собата минута подоцна, додека се обидував да се ослободам од неговиот стисок. Батлерот нѐ информираше дека Меланија веднаш ќе се симне и дека е време да продолжиме со интервјуто“, пишува Стојноф.

    Таа вели дека била шокирана, зашто 20 години интервјуирала славни личности но никогаш не доживеала вакво нешто. Додека ја чекале Меланија, Трамп се наведнал кон неа и рекол:

    „Знаеш дека ќе имаме љубовна афера, нели? Си била ли на стек кај Питер Лугар? Јас ќе те однесам. Ќе имаме љубовна афера, ти викам“. А ја потсетил и на озлогласената насловна на „Њујорк пост“  за време на неговата афера со Марла Мејплс: „Ти текнува,  најдобар секс што сум го имал“, рекол Трамп. Потоа дошла Меланија и тој пак се претворил во вљубен сопруг, вели Стојноф.

    Таа вели дека сега се кае што не им кажала на уредниците на „Пипл“’ за нападот, но била гневна и уплашена. Откако излезе снимката во која Трамп на ТВ водителот Били Буш му кажува како ги напаѓа жените , која ја разгневи јавноста, тој рече дека тоа било „обичен машки муабет во соблекувална“. Во снимката тој му кажува на Буш дека им се нафрла на жените и почнува да ги бакнува, „оти тие ќе се согласат на тоа ако си ѕвезда“.

    „Четири години по инциденот со Трамп, заминав од магазинот да пишувам сценарија и книги – некои станаа и бестселери на ’Њујорк тајмс’. Не сум сигурна што се зборува во соблекувалните овие денови. Само знам дека не бев во соблекувална кога ме стисна до ѕидот. Бев во неговиот дом, како професионалец, а неговата убава бремена сопруга беше на горниот кат. Муабет е муабет. Ама во мојот случај не беше само муабет, беше дејство. И само да се знае г. Трамп, јас не се согласив на тоа“, пишува Стојноф.

    Изминативе денови, неколку жени јавно излегоа со сведоштва дека Трамп сексуално ги нападнал и тоа е голема тема во претседателската кампања. Но тој вчера уште повеќе ја разгневи јавноста со коментарот за Стојноф:

    „Не е точно дека сум ја бакнал или нападнал, мислам, види ја каква е!“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира