ТРАМП СО ГОДИНИ ПРИЈАВУВАЛ ЗАГУБИ ЗА ДА НЕ ПЛАЌА ДАНОК, ВО 2016 И 2017 ПЛАТИЛ САМО 750 ДОЛАРИ, ОБЈАВИ „ЊУЈОРК ТАЈМС“

    ТРАМП СО ГОДИНИ ПРИЈАВУВАЛ ЗАГУБИ ЗА ДА НЕ ПЛАЌА ДАНОК, ВО 2016 И 2017 ПЛАТИЛ САМО 750 ДОЛАРИ, ОБЈАВИ „ЊУЈОРК ТАЈМС“Трамп го опиша извештајот како лажни вести и тврди дека секогаш плаќал многу данок (Фото: АП)

    Доналд Трамп платил само 750 долари данок на доход во 2016, кога победи на изборите и во 2017 година, објави „Њујорк тајмс“. Весникот дојде во посед на даночните податоци на Трамп и на неговите компании во изминатите две децении и тие покажуваат дека тој не платил данок на доход во десет од последните 15 години.

    „Овие податоци откриваат хронични загуби и години неплаќање данок“, пишува весникот, додека Трамп го опиша извештајот како лажни вести.

    „Всушност, јас плаќав данок и плаќав многу данок на доход. А, кога треба да има поврат на данокот, се прави ревизија долго време. Федералната даночна служба ме третира многу лошо“, изјави Трамп.

    Тој се соочуваше со судски тужби поради одбивањето да ги објави документите кои се однесуваат на неговите бизниси и богатство. Тој е првиот претседател од 1970-ите кој не објавил јавно колкав поврат на данокот имал, иако законски не е обврзан на тоа.

    „Њујорк тајмс“ ги објави податоците два дена пред првата претседателска дебата Трамп-Бајден.

    „Тие го прикажуваат Трамп како бизнисмен кој годишно заработува стотици милиони долари, а трпи хронични загуби, што агресивно го искористува за да избегнува да плаќа данок“, пишува весникот.

    Така во 2018 тој заработил 434,9 милиони долари, но повратот на данокот покажува дека бил во загуба од 47,4 милиони. Весникот пишува дека некои од најголемите бизниси на Трамп, како голф терени и хотели, пријавувале загуби од десетици милиони долари секоја година.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира