ТРАМП ТАЈНО БИЛ ПРЕФРЛЕН ДО ДРУГ АВИОН ВО КАМИОН ЗА КЕТЕРИНГ ВО АНКАРА ПОРАДИ МОЖЕН ИРАНСКИ НАПАД

    ТРАМП ТАЈНО БИЛ ПРЕФРЛЕН ДО ДРУГ АВИОН ВО КАМИОН ЗА КЕТЕРИНГ ВО АНКАРА ПОРАДИ МОЖЕН ИРАНСКИ НАПАДНа 8 јули, Трамп беше снимен како се качува во претседателскиот авион на аеродромот во Анкара, но потоа тајно бил однесен до помал воен авион (Фото: Гети)

    Доналд Трамп тајно ги заменил авионите додека го напуштал самитот на НАТО во Анкара минатиот месец поради можна закана од Иран, објавија американските медиуми.

    Тој се качил во претседателскиот авион „Ер форс уан“ пред телевизиските камери, пред да биде шверцуван во камион за кетеринг на аеродромот и превезен до воен авион, без новинарите и дел од персоналот на Белата куќа во авионот да знаат за ова, објави „Вашингтон пост“.

    Официјални лица изјавија за „Си-Би-Ес њуз“ дека САД откриле веродостојна иранска закана за испукување ракета кон авионот. На самитот на НАТО, Трамп изјави дека е мета број еден на Иран.

    Тајниот маневар се случи еден ден откако САД ги обновија нападите врз Иран, по прекинот на преговорите за завршување на војната. Трамп пристигна во Турција со понов „боинг 747-8“ дониран од Катар, но објави дека ќе замине со стариот „Ер форс уан“.

    На 8 јули, Трамп беше снимен како се качува во претседателскиот авион на аеродромот во Анкара. Но, според „Вашингтон пост“, тој потоа тајно бил однесен до помал воен авион „Ц-32А“ преку камион за кетеринг, кој бил подигнат на ниво на авионот на спротивната страна од каде што се качил.

    Министерот за одбрана Пит Хегсет се качил во „Ц-32А“ одделно, користејќи надворешни скали, во обид летот да изгледа нормално, според весникот.

    Трамп отпатува за Велика Британија на пат кон САД, каде што се префрлил во стариот „Ер форс уан“ и беше виден како се спушта од авионот откако слета во воената база РАФ Милденхол.

    Директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чунг, не ги потврди, ниту ги негираше директно извештаите, но рече дека новиот „Ер форс уан“ е најсовремен авион опремен со сите потребни безбедносни мерки.

    Американското разузнавање претходно предупреди на специфична закана од напад врз Трамп или неговиот авион.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира