ТРАМП ТАЈНО СНИМЕН КАКО ДОГОВАРА ИСПЛАТА НА МОДЕЛ НА „ПЛЕЈБОЈ“ СО КОЈА ИМАЛ АФЕРА

    ТРАМП ТАЈНО СНИМЕН КАКО ДОГОВАРА ИСПЛАТА НА МОДЕЛ НА „ПЛЕЈБОЈ“ СО КОЈА ИМАЛ АФЕРАКерен Мекдугал тврди дека имала афера со Трамп во 2006 година

    Доналд Трамп бил тајно снимен два месеца пред изборите во 2016 година како договара можна исплата на поранешен модел на „Плејбој“, која тврди дека имала афера со него, објави „Њујорк тајмс“.

    Разговорот наводно го снимил долгогодишниот личен адвокат на Трамп, Мајкл Коен, и снимката лани била запленета од ФБИ при претресот на неговата канцеларија. Министерството за правда ја испитува улогата на Коен во случајот, со цел да се утврди дали биле прекршени федералните закони за финансирање кампања.

    Според весникот, постоењето на снимката го потврдил и поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, кој во меѓувреме стана личен адвокат на Трамп. На двеминутната снимка, Трамп договара исплата на Керен Мекдугал, која тврди дека имала афера со него во 2006 година, кратко време откако му се родил најмладиот син.

    Џулијани тврди дека исплатата не се случила и дека Трамп не направил ништо погрешно.

    Мекдугал ја продала својата приказна на еден магазин за 150.000 долари во последните месеци од кампањата, но таа никогаш не била објавена.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира