ТРАМП ВЕЧЕРВА ЌЕ ЈА ОБЈАВИ ТРЕТАТА КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОДЕКА ЈА ГУБИ КОНТРОЛАТА ВО ПАРТИЈАТА

    ТРАМП ВЕЧЕРВА ЌЕ ЈА ОБЈАВИ ТРЕТАТА КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОДЕКА ЈА ГУБИ КОНТРОЛАТА ВО ПАРТИЈАТАТрамп се надеваше дека добрите резултати на изборите за Конгресот ќе бидат отскочна штица за неговата номинација (Фото: АП)

    Доналд Трамп се подготвува да ја лансира својата трета кампања за Белата куќа, што следува по разочарувачките порази на изборите за Конгресот и јасните знаци дека неговата контрола во Републиканската партија слабее.

    Трамп се надеваше дека добрите резултати на минатонеделните избори ќе бидат отскочна штица за неговата номинација, но место тоа, тој се најде распнат што поддржа низа кандидати кои изгубија, вклучувајќи неколкумина кои ја негираат победата на Џо Бајден пред две години.

    „Се надевам дека утре ќе биде еден од најважните денови во историјата на нашата земја“, напиша Трамп вчера на социјалните мрежи.

    Се очекува тој да ја објави својата кандидатура вечерва во три часот по македонско време од својот клуб во Палм Бич.

    Уште една кандидатура би бил извонреден пресврт за кој било бивш претседател, а особено за Трамп, кој двапати беше отповикан и чиј мандат заврши со насилниот упад на неговите приврзаници во Конгресот. Само еден американски претседател досега одработил два неврзани мандата: Гровер Кливленд, кој бил избран во 1884 и 1892 година. Трамп исто така се соочува со серија кривични истраги.

    Трамп бил советуван од свои сојузници и соработници да ја одложи најавата на кандидатурата до завршувањето на изборите за Конгресот, што ќе се случи дури на 6 декември со прегласувањето во Џорџија. Истовремено, тој се соочува со силна конкуренција во сопствената партија, при што многумина го притискаат реизбраниот гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, да се кандидира.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира