ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА КОРОНАВИРУСОТ ЌЕ ИСЧЕЗНЕ ДОДЕКА САД РЕГИСТРИРАА РЕКОРДНИ 53.000 НОВИ СЛУЧАИ НА ЗАРАЗА

    ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА КОРОНАВИРУСОТ ЌЕ ИСЧЕЗНЕ ДОДЕКА САД РЕГИСТРИРАА РЕКОРДНИ 53.000 НОВИ СЛУЧАИ НА ЗАРАЗАТрамп почна да ја поддржува препораката за носење маска (Фото: АП)

    Доналд Трамп кажа дека верува дека коронавирусот ќе исчезне додека САД регистрираа нов дневен рекорд од 52.982 нови случаи на зараза.

    Осум сојузни држави пријавија рекордно високи бројки, по што Њујорк ги одложи плановите за отворање на рестораните, додека Трамп и натаму тврди дека земјата оди во добра насока со епидемијата.

    „Верувам дека во еден момент вирусот едноставно ќе исчезне. Се надевам. Исто така верувам дека многу брзо ќе имаме вакцина. Мислам дека ќе бидеме добро“, изјави Трамп.

    Тој ја промени реториката околу заштитните маски и кажа дека има ситуации кога и самиот ја носи.

    „Јас сум целосно за маски. Кога би се наоѓал меѓу многу луѓе, и јас би носел маска“, рече Трамп, додавајќи дека тие и натаму не треба да бидат задолжителни.

    Според универзитетот Џонс Хопкинс, во САД досега има речиси 2,7 милиони заразени и над 128.000 починати од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира