ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА НАСКОРО ПОВТОРНО ЌЕ ЈА ОТВОРИ ЕКОНОМИЈАТА НА САД ДОДЕКА ПАНДЕМИЈАТА ЗАБРЗУВА

    ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА НАСКОРО ПОВТОРНО ЌЕ ЈА ОТВОРИ ЕКОНОМИЈАТА НА САД ДОДЕКА ПАНДЕМИЈАТА ЗАБРЗУВАТрамп е оптимистичен иако САД станаа трета држава во светот според бројот на заразени (Фото: АП)

    Доналд Трамп вели дека повторно ќе ја отвори американската економија за неколку недели, иако САД станаа трета држава во светот според бројот на заразени и во последните 24 часа имало повеќе од 100 починати.

    Тој одби да потврди дали ќе ги слуша советите на здравствените власти доколку тие бидат против укинувањето на рестриктивните мерки во земјата.

    „Ќе видиме што ќе се случи“, кажа Трамп.

    Во САД досега има над 46.000 случаи на коронавирус, како и 582 починати.

    „Нашата земја не е изградена за да биде затворена. Суштински за земјата е економијата да биде отворена што поскоро“, кажа Трамп на брифингот во Белата куќа.

    Тој очекува животот во земјата да се врати во нормала за помалку од три месеци.

    Јужна Кореја пријави најмала бројка новозаразени откако врвот на ширењето беше достигнат пред четири недели. Во последните 24 часа таму се потврдени само 64 нови случаи, но здравствените власти предупредуваат дека пред земјата сѐ уште е долга борба против коронавирусот.

    За тоа време, Светската здравствена организација предупреди дека пандемијата се забрзува.

    „Беа потребни 67 денови за да се дојде до 100.000 случаи, 11 дена за нови 100.000 и потоа само четири дена за да дојдеме до бројката од 300.000 заразени. Но, можно е да ја промениме траекторијата“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.

    Според последните информации, на светско ниво има над 380.000 заразени и 16.600 починати од КОВИД-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира