ТРАМП НА КРАТКО СЕ ПРОВОЗЕ ПРЕД БОЛНИЦАТА ИГНОРИРАЈЌИ ДЕКА Е ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУС

    ТРАМП НА КРАТКО СЕ ПРОВОЗЕ ПРЕД БОЛНИЦАТА ИГНОРИРАЈЌИ ДЕКА Е ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУСТрамп беше обвинет дека загрозил животи со својот политички театар (Фото: Ројтерс)

    Доналд Трамп на кратко излезе од болницата за да ги поздрави своите приврзаници, покажувајќи непочитување кон мерките на претпазливост за справување со коронавирусот додека сѐ уште е заразен.

    Само неколку часови порано, лекарите на Белата куќа признаа дека тој двапати примил кислородна поддршка во изминатите денови и кажаа дека сега го лекуваат со стероид кој вообичаено им се дава на потешките случаи на ковид-19. И покрај тоа, тие велат дека состојбата на Трамп се подобрува и дека е можно најрано денеска да биде отпуштен од воената болница „Волтер Рид“ и да се врати во Белата куќа.

    Трамп ги изненади своите приврзаници собрани пред болницата кога помина покрај нив во црн теренец и им отпоздравуваше. Тој во возилото беше придружуван од агенти на тајната служба кои носеа маски и друга заштитна опрема.

    „Секој поединец од тоа сосема непотребно возење треба да оди во карантин на 14 дена. Тие можеби се заразени, тие би можеле да умрат. Трамп ги стави во ризик нивните животи заради политички театар. Тоа е лудо“, изјави лекарот од болницата „Волтер Рид“, Џејмс Филипс.

    Од петокот, Трамп објави неколку видеа преку кои ги уверуваше Американците дека заздравува.

    „Ова е многу интересно патување. Научив многу за ковид-19“, кажа тој во едно вчерашно видео.

    Лекарот Шон Конли вчера призна дека состојбата на Трамп била полоша отколку што претходно се кажуваше.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира