Тројца индиски војници се убиени во судир со кинеските сили во спорниот хималајски регион Ладак.
Висок претставник на индиската армија кажа дека двете страни ќе имаат состанок за да ја смират ситуацијата. Кина не потврди дека има жртви на нејзина страна, но ја обвини Индија за преминување на границата во долината Галван. Ова се први човечки жртви во последните неколку децении од овој спор.
„За време на процесот на деескалација во долината Галван дојде до насилно соочување, при кое имаше жртви на двете страни. Индиската војска загуби еден офицер и двајца војници“, соопшти таа.
Индија и Кина водеа кратка гранична војна во 1962 година и оттогаш не успеаја да го решат граничниот спор, иако преговорите траат повеќе од две децении. И покрај присутните тензии, последниот судир со жртви се случи во 1975 година.