ТРОЈЦА ИНДИСКИ ВОЈНИЦИ УБИЕНИ ВО СУДИР СО КИНЕСКИТЕ СИЛИ

    ТРОЈЦА ИНДИСКИ ВОЈНИЦИ УБИЕНИ ВО СУДИР СО КИНЕСКИТЕ СИЛИИндија и Кина водат граничен спор во Хималаи повеќе од 50 години (Фото: АП)

    Тројца индиски војници се убиени во судир со кинеските сили во спорниот хималајски регион Ладак.

    Висок претставник на индиската армија кажа дека двете страни ќе имаат состанок за да ја смират ситуацијата. Кина не потврди дека има жртви на нејзина страна, но ја обвини Индија за преминување на границата во долината Галван. Ова се први човечки жртви во последните неколку децении од овој спор.

    За време на процесот на деескалација во долината Галван дојде до насилно соочување, при кое имаше жртви на двете страни. Индиската војска загуби еден офицер и двајца војници“, соопшти таа.

    Индија и Кина водеа кратка гранична војна во 1962 година и оттогаш не успеаја да го решат граничниот спор, иако преговорите траат повеќе од две децении. И покрај присутните тензии, последниот судир со жртви се случи во 1975 година.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира