Повеќемина загинаа и се повредени при пукањето во трговски центар во Минхен, потврди полицијата. Германските медиуми известуваат дека има најмалку 10-15 мртви. Полицијата вели дека според очевидци има тројца напаѓачи со оружје.
Потврдено е дека има пукање и во метро станицата Стахус во центарот на Минхен, на околу 3 километри од трговскиот центар, а се евакуира и главната железничка станица. Засега никој не е уапсен, а акцијата на полицијата е во тек.
Нападот почнал во ресторанот „Мекдоналдс“ во трговскиот центар, околу 18 часот. Вооружен маж трчал низ трговскиот центар и пукал на луѓето, по што тој побегнал кон подземната железница, вели очевидец.
„Веруваме дека станува збор за вооружен напад“, изјавија властите.
Областа околу трговскиот центар Олимпија – Ајнкауфцентрум (ОЕЗ) е блокирана. Ова најголемиот трговски центар во Баварија. Хеликоптери го надлетуваат трговскиот центар, а на работниците им е забрането да ги напуштат продавниците.
Ова е втор напад во Минхен за помалку од една недела. Во понеделникот, 17-годишен имигрант од Авганситан повреди 4 луѓе со сеира и нож во воз во баварскиот град Вурцбург.