ТРОЈЦА СПАСУВАЧИ ЗАГИНАА ВО ПАДОТ НА ХЕЛИКОПТЕР ДОДЕКА ФРАНЦИЈА СЕ БОРИ СО ПОПЛАВИТЕ

    ТРОЈЦА СПАСУВАЧИ ЗАГИНАА ВО ПАДОТ НА ХЕЛИКОПТЕР ДОДЕКА ФРАНЦИЈА СЕ БОРИ СО ПОПЛАВИТЕХеликоптерот на спасувачките служби се урнал додека летал кон планинскиот регион Вар (Фото: Гети)

    Три лица загинаа откако нивниот хеликоптер се урна при спасувачка мисија во југоисточна Франција, што деновиве ја погодија големи поплави.

    Контактот со хеликоптерот на спасувачките служби бил изгубен додека летал кон планинскиот регион Вар и министерот за внатрешни работи кажа дека телата на загинатите се пронајдени.

    Брегот на Медитеранот беше погоден од силни врнежи во изминатата недела, што предизвика сериозни поплави и прекини во сообраќајот. Локалните медиуми објавија дека уште две лица се удавиле во надојдените води.

    Оваа хеликоптерска несреќа се случи само неколку дена по трагедијата во Мали, кога загинаа 13-мина француски војници.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира