ТРУДО ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС, КАМИОНЏИИТЕ КОИ СЕ ПРОТИВАТ НА ВАКЦИНИРАЊЕТО ЈА ПАРАЛИЗИРАА ОТАВА

    ТРУДО ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС, КАМИОНЏИИТЕ КОИ СЕ ПРОТИВАТ НА ВАКЦИНИРАЊЕТО ЈА ПАРАЛИЗИРАА ОТАВАДемонстрациите што ги почнаа камионџиите се претворија во општ протест против федералните коронамерки (Фото: АП)

    Демонстрантите кои се противат на задолжителното вакцинирање на камионџиите кои ја поминуваат американско-канадската граница го парализираа главниот град на Канада, Отава. Илјадници луѓе се придружија на таканаречениот Конвој на слободата и полицијата соопшти дека истражува неколку инциденти, како истакнување знамиња со свастика и снимки од жена која танцува на гробот на незнајниот војник.

    Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска објави дека имал позитивен тест за коронавирус, откако се заразил од едно од своите деца. Тој и неговото семејство беа преместени од нивната резиденција викендов од безбедносни причини откако демонстрантите се собраа пред зградата на парламентот.

    Околу 90% од 120.000 камионџии кои возат преку границата се целосно вакцинирани, што е во рамките на просекот на возрасното население во Канада. Според правилото усвоено на 15 јануари, сите камионџии мора да бидат целосно имунизирани.

    Демонстрациите што ги почнаа камионџиите се претворија во општ протест против федералните коронамерки и политиките на владата на Трудо. Според Унијата на канадските камионџии, голем дел од демонстрантите немаат врска со нив, туку си тераат своја агенда.

    Дел од камионите што го блокираа центарот на градот почна да си оди денеска, но некои демонстранти кажаа дека ќе останат.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира