ЦЕЛА ЕВРОПСКА УНИЈА ОСВЕН УНГАРИЈА ГИ ПОВИКА ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНА НА ПРИМИРЈЕ

    ЦЕЛА ЕВРОПСКА УНИЈА ОСВЕН УНГАРИЈА ГИ ПОВИКА ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНА НА ПРИМИРЈЕИзраел и палестинските милитантни групи не покажуваат знаци на попуштање (Фото: Ројтерс)

    Министрите за надворешни работи на Европска Унија ги повикаа Израел и палестинските милитантни групи на прекин на огнот, но не успеаја да постигнат едногласност.

    Унгарија, најблискиот сојузник на Израел од блокот, одби да им се придружи на останатите 26 членки кои повикаа на примирје во денешниот видеоповик. И покрај тоа, европските министри порачаа дека ЕУ ќе се обиде да покрене мировен процес заедно со САД, Русија и Обединети нации.

    „Минимум што можеме да се обидеме е да постигнеме примирје, да обезбедиме хуманитарна помош, а потоа да видиме што може да се направи за да се обнови мировниот процес на Блиски Исток“, изјави министерот за надворешни работи на Малта, Еварист Бартоло.

    ЕУ е поделена околу директната поддршка на завојуваните страни. Осум помали земји, како Белгија, Финска и Ирска, гласно ја бранат Палестина, додека други како Австрија, Чешка, Грција и Полска го фаворизираат Израел.

    Израел и палестинските групи не покажуваат знаци на попуштање откако влегоа во втората недела на жестоки меѓусебни бомбардирања, во кои досега загинаа вкупно 227 луѓе, од кои 63 деца. Во појасот Газа се уништени или тешко оштетени речиси 450 згради, вклучувајќи шест болници, а раселени се 52.000 луѓе, објави ОН.

    Израел кажа дека од Газа досега биле испукани повеќе од 3.400 ракети и во еден таков напад денеска загинаа двајца тајландски работници на една фарма.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира