ЦЕНАТА НА АМЕРИКАНСКАТА НАФТА ПАДНА ПОД НУЛАТА ЗА ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА

    ЦЕНАТА НА АМЕРИКАНСКАТА НАФТА ПАДНА ПОД НУЛАТА ЗА ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТАПроизводителите ја складираат нафтата на танкери бидејќи никој не ја купува (Фото: ЕПА)

    Цената на американската нафта падна под нулата за првпат во историјата. Ова се должи на недостигот на побарувачката среде пандемијата на коронавирусот, па производителите се соочуваат со проблемот на нејзино складирање.

    Тие дури им плаќаат на купувачите да ја купат нафтата бидејќи се стравува дека до мај веќе нема да располагаат со капацитети за нејзино складирање. Побарувачката на нафтата речиси пресуши во изминатите недели, откако државите се ставија во карантин и луѓето се принудени да седат дома. Поради тоа, производителите ја складираат нафтата на танкери, што придонесе цената на американската нафта да падне во негатива.

    Цената на барел нафта на „Вест Тексас интермидиејт“, кој важи за еден од најпрепознатливите американски брендови, падна до минус 37,63 долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира