ПРВИ ДВА СЛУЧАЈА НА КОРОНАВИРУС ВО КОСОВО

    ПРВИ ДВА СЛУЧАЈА НА КОРОНАВИРУС ВО КОСОВОКосово денеска ги потврди првите два случаи на КОВИД-19 (Фото: БИРН)

    Косово денеска ги потврди првите случаи на коронавирус, со што во Европа остана само уште една земја во која тој не е регистриран – Црна Гора. Косовските власти објавија дека се заразени 20-годишна Италијанка и 77-годишен маж.

    „Нивната состојба е стабилна“, кажа министерот за здравство Арбен Витија.

    Во средата, Косово ги затвори сите училишта и забрани јавни собири до 27 март, како и летови од Италија и уште неколку европски земји.

    Иако Црна Гора засега нема случаи на коронавирус, владата најави дека од претпазливост ќе ги забрани сите јавни и приватни собири и ќе ги затвори училиштата на 15 дена.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари