ЦРНА ГОРА ПРЕД БАНКРОТ ОТКАКО СЕ ЗАДОЛЖИ КАЈ КИНА ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ ШТО НЕ ВОДИ НИКАДЕ

    ЦРНА ГОРА ПРЕД БАНКРОТ ОТКАКО СЕ ЗАДОЛЖИ КАЈ КИНА ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ ШТО НЕ ВОДИ НИКАДЕЦрна Гора овој месец треба да ја уплати првата рата од заемот од милијарда долари (Фото: Гети)

    Автопатот што се заканува да ја банкротира црногорската економија почнува на ридовите во околината на Подгорица, а засега завршува во зафрлен планински терен источно од градот.

    Автопатот што го гради кинеска државна компанија не е довршен, па возилата го користат стариот пат, што поминува под него. Тој исто така сè уште не е платен. Првата рата од заемот од милијарда долари од кинеска државна банка пристигнува на наплата овој месец и нејасно е дали Црна Гора ќе може да си го дозволи тоа, имајќи предвид дека поради овој проект, државниот долг порасна на повеќе од 100% од бруто домашниот производ.

    Најтрагично од сè е што и кога ќе биде довршен, патот нема да води никаде. Имаме шега која вели дека ова е автопат од никаде до никаде“, вели министерот за правда на Црна Гора, Драган Шоќ.

    Оваа 40-километарска делница е дел од предложениот автопат од 432 километри, што би одел од пристаништето во Бар до Белград. Сегашната влада на Црна Гора вели дека првата секција создала толку многу долгови, што не е во можност да го изгради остатокот од автопатот.

    Ова нема да го плати само сегашната, туку и идни генерации. Но, проблемот не е во Кина. Ова е наша лоша одлука“, вели Шоќ.

    Договорот за изградба на автопатот беше потпишан во 2014. Според него, ако Црна Гора не ѝ исплати на кинеската банка „Експорт-импорт“ на време, таа има право да заплени земјиште во државата, под услов потоа да не се користи за воени или дипломатски цели.

    Црна Гора со години имаше во план да го изгради овој автопат, но европските банки не беа заинтересирани да ѝ позајмат пари, зашто не веруваа дека ќе може да ги врати. Никој не може да разбере што добива Кина со тоа што влезе во проектот“, вели Милица Тодоровиќ, претседателката на Центарот за демократска транзиција.

    Според аналитичарот Стефан Владисављев, ова беше шанса за Кина да го зголеми своето влијание во регионот, кога веќе ЕУ не сакаше да ѝ помогне на Црна Гора.

    Ова е лесен начин да навлезе на европска територија и да го прошири своето влијание“, смета Владисављев.

    И Кина го прави тоа веќе со години. Го купи пристаништето во Пиреја кај Атина и го претвори во второ најголемо на Медитеранот и гради милијарди долари вредни автопатишта и железнички пруги. Меѓу нив е и автопатот Кичево-Охрид, чија изградба доцни веќе четири години и чија цена порасна од 374 на 600 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира