ЦРНА ГОРА РАЗМИСЛУВА ДА ПРОГЛАСИ КРАЈ НА ЕПИДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУСОТ

    ЦРНА ГОРА РАЗМИСЛУВА ДА ПРОГЛАСИ КРАЈ НА ЕПИДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУСОТВо Црна Гора 28 дена нема нов случај на коронавирус (Фото: АФП)

    Во Црна Гора се создадоа услови за прогласување крај на епидемијата на коронавирусот, изјави помошник директорот на Институтот за јавно здравје Сенад Бегиќ, додавајќи дека ризикот од зараза и натаму постои.

    „Црна Гора размислува да ја одјави епидемијата, откако во изминатите 28 дена не е регистриран ниеден нов случај на коронавирус. Сепак, тоа не би ја променило ситуацијата на терен зашто ризикот од зараза и натаму е присутен. Првиот бран на зараза формално помина, но мерките како физичка дистанца и носење маска остануваат на сила“, изјави Бегиќ.

    Вчера на полноќ, Црна Гора ги отвори своите граници, но во земјата смеат да влезат само државјаните на оние земји во кои што има помалку од 25 заразени на 100.000 жители.

    Црна Гора е првата земја во Европа во која веќе нема активни случаи на коронавирус.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари