ЦРНА ГОРА ВКЛУЧЕНА ВО БУЏЕТОТ НА ЕУ ЗА ПЕРИОДОТ ОД 2028 ДО 2034 ГОДИНА, ЌЕ ДОБИЕ 3,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

    ЦРНА ГОРА ВКЛУЧЕНА ВО БУЏЕТОТ НА ЕУ ЗА ПЕРИОДОТ ОД 2028 ДО 2034 ГОДИНА, ЌЕ ДОБИЕ 3,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРАЦрна Гора очекува да стане членка на ЕУ во 2028 година и веќе ги обои авионите на националниот авиопревозник „Ер Монтенегро“. (Фото: СДК.МК)

    Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски рамковен буџет на Европската Унија, кој се однесува на периодот од 2028 до 2034 година, соопшти црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, кој вели дека ова претставува официјална потврда од Брисел за земјата како идна членка на Унијата.

    Според проценките на Европската комисија, Подгорица ќе има на располагање околу 3,2 милијарди евра, кои ќе можат да се искористат под исти услови како и за останатите земји членки, со фокус на инфраструктурата, економијата, земјоделството и подобрување на животниот стандард.

    Европската комисија истовремено објави финансиски пакет со кој се дефинираат буџетските аранжмани за Црна Гора по нејзиниот прием во Унијата. Овој пакет се однесува на Поглавјето 33, односно за финансиските и буџетските одредби.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека овој чекор претставува конкретна подготовка на институциите и на земјите членки за идното проширување, кое го оцени како стратешка инвестиција во европската стабилност и просперитет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира