Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција би можела да се раздели од Европската Унија ако биде неопходно. Ова следува по неодамнешниот извештај на Брисел, во кој е наведено дека пристапниот процес на Турција со ЕУ не може да продолжи под сегашните околности и повика да се истражи „паралелна и реалистична рамка“ за врските со Анкара.
Турција е официјална кандидатка за членство во ЕУ веќе 24 години, но пристапните преговори се во застој со години поради загриженоста на Брисел за кршење на човековите права и непочитување на владеењето на правото.
„Европската Унија се обидува да се оддалечи од Турција. Ние ќе ги направиме нашите проценки за ваквиот развој и ако биде неопходно, ќе се разделиме од ЕУ“, изјави Ердоган пред патувањето за САД.
Турското министерство за надворешни работи оваа недела кажа дека извештајот на Европскиот парламент содржи неосновани обвинувања и предрасуди и има плиток и невизионерски пристап кон врските на Турција со ЕУ.