ТУРЦИЈА ИЗБИРА ПРЕТСЕДАТЕЛ – ЕРДОГАН ВО ВОДСТВО ПО РЕЧИСИ 40% ПРЕБРОЈАНИ ГЛАСОВИ

    ТУРЦИЈА ИЗБИРА ПРЕТСЕДАТЕЛ – ЕРДОГАН ВО ВОДСТВО ПО РЕЧИСИ 40% ПРЕБРОЈАНИ ГЛАСОВИСе очекува разликата помеѓу Ердоган и Киличдароглу да се намалува во следните часови (Фото: АП)

    Реџеп Таип Ердоган е во сигурно водство по повеќе од една третина пребројани гласови по денешните претседателски и парламентарни избори во Турција, иако разликата во однос на неговиот главен противкандидат Кемал Киличдароглу постепено се намалува.

    Државната изборна комисија ја укина забраната за известување за резултатите пред 21 часот по локално време, па тие веднаш почнаа да пристигнуваат по затворањето на гласачките места.

    По 38,8% пребројани гласови, Ердоган има освоено 52,7%, а Киличдароглу 41,4%, додека ултранационалистот Синан Оган е на 5,4%. Се очекува разликата помеѓу двајцата главни кандидати дополнително да се стеснува во следните часови.

    Главната опозициска партија Републиканска народна партија соопшти дека раните резултати се доста позитивни за Киличдароглу, кој се обидува да го симне Ердоган од власт по 20 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира