ТУРЦИЈА ЌЕ БИДЕ ВО ЧЕТИРИДНЕВЕН КАРАНТИН ЗА РАМАЗАН БАЈРАМ

    ТУРЦИЈА ЌЕ БИДЕ ВО ЧЕТИРИДНЕВЕН КАРАНТИН ЗА РАМАЗАН БАЈРАМЕрдоган кажа дека карантинот ќе трае од 23 до 26 мај (Фото: АА)

    Претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе ја стави Турција во четиридневен карантин од 23 до 26 мај, што ќе го опфати и големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

    Во изминатите пет недели, карантин беше воведуван во големите градови за викенди и за празнични денови. Рамазан Бајрам во Турција вообичаено се одбележува три дена, што оваа година трае од 24 до 26 мај. Ердоган најави дека џамиите повторно ќе бидат отворени за верски служби од 29 мај.

    Тој кажа дека училиштата нема повторно да се отвораат оваа учебна година, туку дури од септември. Исто така, ограничувањата за патување низ 15-те турски провинции се продолжени за уште 15 дена.

    „Турција успешно ја добива борбата со епидемијата“, изјави Ердоган, порачувајќи дека може да се воведат и построги мерки ако има нов голем бран на зараза.

    Во Турција досега има повеќе од 150.000 случаи на коронавирус, а починале речиси 4.200 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира