ТВИТЕР ЌЕ ИМ ОВОЗМОЖИ НА КОРИСНИЦИТЕ ДА ОЗНАЧУВААТ ТВИТОВИ СО ЛАЖНИ ВЕСТИ

    ТВИТЕР ЌЕ ИМ ОВОЗМОЖИ НА КОРИСНИЦИТЕ ДА ОЗНАЧУВААТ ТВИТОВИ СО ЛАЖНИ ВЕСТИОд Твитер велат дека проектот е во рана фаза на развој (Фото: Гети)

    Твитер објави дека тестира нова опција која на корисниците ќе им овозможи да означуваат лажни информации објавувани од политичари и други јавни личности. Под такви твитови, корисниците ќе можат да додадат ознака во светла боја.

    „Истражуваме повеќе начини како да се откриваат дезинформации и да се обезбеди поголем контекст на твитови. Дезинформирањето е критичен проблем и ќе тестираме повеќе различни начини за негово решавање“, соопшти Твитер.

    Оттаму додаваат дека проектот е во рана фаза на развој и моментално не се користи.

    „Ен-Би-Си њуз“ објави еден од примерите како би изгледало тоа и тој содржи опција „пријава од заедницата“. Корисниците притоа би добивале поени и беџови за означување содржини кои се „штетно неточни“.

    Твитер и останатите слични компании се наоѓаат под голем притисок да се ангажираат повеќе во борбата против лажни вести на своите платформи. Тие воведоа низа мерки во изминатите месеци со цел да се спречи мешањето во претседателските избори во САД во ноември, но многумина сметаат дека тоа не е доволно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира