УЧЕНИК ГО ИЗВЕЛ НАПАДОТ ВО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ НА КРИМ, ПА СЕ САМОУБИЛ, НАЈМАЛКУ 18 МРТВИ

    УЧЕНИК ГО ИЗВЕЛ НАПАДОТ ВО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ НА КРИМ, ПА СЕ САМОУБИЛ, НАЈМАЛКУ 18 МРТВИВластите го опишаа нападот во Керч како масовно убиство (Фото: ПА)

    Најмалку 18 луѓе се убиени, а десетици се повредени во нападот што се случи во едно техничко средно училиште на Крим, полуостровот што Русија го анектираше од Украина.

    Официјални лица прво кажаа дека неидентификувана експлозивна направа била детонирана во салата за јадење во училиштето во градот Керч, за потоа да се утврди дека сите жртви починале од прострелни рани. Нападот со автоматско оружје го извел еден 18-годишен ученик, идентификуван како Владислав Росљаков, кој потоа извршил самоубиство.

    Од руската национална гарда прво кажаа дека ова е намерен терористички чин, за потоа да го преименуваат нападот во масовно убиство.

    Повеќето од жртвите во нападот се ученици. Голем број од нив се превезени во локалната болница. Четири воени авиони се подготвени за транспорт на повредените во воени болници, ако има потреба од тоа“, изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

    Сергеј Аксјонов, лидерот на Крим, изјави дека ситуацијата сега е мирна.

    Целото зло со кое е инфициран Крим доаѓа од властите во Киев“, изјави спикерот на парламентот на Крим, Владимир Константинов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира