УЧЕНИЦИТЕ ВО СРБИЈА ОД УТРЕ НА ЗИМСКИ РАСПУСТ, ВЛАДАТА ГИ ЗАТВОРА ШКОЛИТЕ ЕДНА НЕДЕЛА ПОРАНО ПОРАДИ ПРОТЕСТИТЕ

    УЧЕНИЦИТЕ ВО СРБИЈА ОД УТРЕ НА ЗИМСКИ РАСПУСТ, ВЛАДАТА ГИ ЗАТВОРА ШКОЛИТЕ ЕДНА НЕДЕЛА ПОРАНО ПОРАДИ ПРОТЕСТИТЕ„Рацете ви се крвави“ стана една од заштитните пароли на протестите во Србија (Фото: АП)

    Училиштата во Србија ќе се затворат за зимски распуст една недела порано од планираното, додека претседателот Александар Вучиќ се обидува да ги запре протестите против корупција кои ги блокираа универзитетите и потоа се проширија на средни училишта.

    Министерката за образование Славица Ѓукиќ-Дејановиќ кажа дека основните и средните училишта во земјата ќе бидат затворени од утре, место од 30 декември, поради загриженоста за безбедноста на децата и квалитетот на образованието среде протестите „Запри Србијo“.

    Наставниците од четири синдикати од образованието во петокот кажаа дека ќе стапат во штрајк во знак на солидарност со студентите кои редовно протестираат од трагедијата во Нови Сад на 1 ноември. Студентите одржуваат блокади на белградскиот и на новосадскиот универзитет и на факултетите во Ниш и Крагуевац.

    Протестите достигнаа ново ниво со вчерашниот собир на плоштадот Славија во Белград, каде што на студентите им се придружија и земјоделците, здравствените работници, јавни личности и други граѓани. Министерството за внатрешни работи кажа дека на собирот имало до 29.000 луѓе, додека организаторите се повикаа на Архивот на јавни собири, кој пресметал дека имало 100.000 граѓани, со што тоа би бил еден од најголемите протести во историјата на Србија.

    Во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември загинаа 15 луѓе, што покрена протести кои траат до денес. Вучиќ кажа дека нема да попушти пред студентите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира