УКРАИНА ГИ ДОБИЛА РЕЧИСИ СИТЕ ВЕТЕНИ БОРБЕНИ ВОЗИЛА ОД ЗАПАДОТ, НОВА ГОЛЕМА ПОМОШ НЕ МОЖЕ ДА ОЧЕКУВА ВО СКОРО ВРЕМЕ

    УКРАИНА ГИ ДОБИЛА РЕЧИСИ СИТЕ ВЕТЕНИ БОРБЕНИ ВОЗИЛА ОД ЗАПАДОТ, НОВА ГОЛЕМА ПОМОШ НЕ МОЖЕ ДА ОЧЕКУВА ВО СКОРО ВРЕМЕЗападот вети стотици модерни тенкови и пешадиски оклопни возила (Фото: АП)

    Сојузниците од НАТО ги имаат испорачано речиси сите ветени борбени возила во Украина, изјави шефот на западната воена алијанса Јенс Столтенберг, додавајќи дека украинската војска сега е способна да ги поврати своите територии.

    „Испорачани се повеќе од 98% борбени возила што ѝ беа ветени на Украина“, кажа Столтенберг.

    Во исто време, илјадници украински војници беа обучувани во западните земји за управување со разна борбена опрема во пресрет на очекуваната противофанзива, за која Киев кажа дека ќе почне кога ќе бидат максимално подготвени. Воените експерти сметаат дека Украина во скоро време нема да добие уште една голема помош во оклопни возила од западот, што ја става под притисок да ослободи што е можно повеќе територија, во случај воената поддршка да почне да слабее.

    „Се испразни најголемиот дел од воените залихи на западот. Ќе бидат потребни неколку години за нивна обнова. Мислам дека ова е голема шанса за Украина да притисне“, вели британскиот аналитичар Нил Мелвин.

    Западот испрати десетици модерни тенкови и пешадиски оклопни возила, како и опрема за понтонски мостови и возила за расчистување мински полиња. Токму затоа, Русите интензивно копаат ровови и се утврдуваат уште од ноември, а, според сателитските снимки, нивните одбранбени позиции се најконцентрирани во регионот Запорожје, на истокот и тесниот појас на копно што го поврзува Крим со остатокот на Украина.

    Воените експерти сметаат дека главниот удар на противофанзивата ќе биде на југот, иако моментално, најжестоките борби се водат на истокот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира