Украина го нападна московскиот регион со околу 650 дронови ноќеска, соопштија руските власти.
„Повеќето биле уништени од противвоздушната одбрана на голема дистанца, додека 105 дронови биле уништени додека се приближувале кон руската престолнина“, напиша градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на Телеграм.
Првично немаше официјални извештаи за штети и повредени, но „Киев индипендент“, повикувајќи се на очевидци, објави дека е запалено најголемото складиште за нафта во московскиот регион, кое се наоѓа околу 40 километри од главниот град.
Според руските државни медиуми, ова бил најголемиот напад со беспилотни летала во регионот во последните две години.



