УКРАИНА ЈА ПОВИКА КИНА ДА ГО ОСУДИ ВАРВАРСТВОТО НА РУСИЈА

    УКРАИНА ЈА ПОВИКА КИНА ДА ГО ОСУДИ ВАРВАРСТВОТО НА РУСИЈАКина избра да се воздржи на гласањето во ОН со кое се осудува руската инвазија на Украина; - Ракетирана станбена зграда во Харкив. (Фото: АП)

    Украина ја повика Кина да му се придружи на Западот во осудата на руската инвазија, откако оваа земја се обидува да одржи дипломатска дистанца од војната.

    „Кина може да биде важен елемент во глобалниот безбедносен систем, ако донесе правилна одлука – да ја поддржи коалицијата на цивилизираните земји и да го осуди варварството на Русија“, објави на Твитер советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак.

    Кина претходно избра да се воздржи на гласањето во ОН со кое се осудува руската инвазија, а американските власти неодамна изјавија дека Кина сигнализирала подготвеност да обезбеди воена помош за Русија.

    Вчера, во двочасовниот телефонски разговор со кинескиот претседател Шји Џинпинг, американскиот претседател Џо Бајден рече дека секоја поддршка дадена на Русија скапо ќе го чини Пекинг. Меѓутоа, моќта на САД врз Кина е ограничена, а соопштенијата од двете страни сугерираат дека со вчерашниот разговор меѓу претседателите не е многу постигнато.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира