УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ВЛЕЗЕ ВО ХЕРСОН

    УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ВЛЕЗЕ ВО ХЕРСОНЖители на Херсон излегоа на улиците со украински знамиња (Фото: Твитер)

    Украинските сили стигнаа до центарот на Херсон, кој беше под контрола на руските сили од почетокот на март. На социјалните мрежи се појавија снимки од локалните жители како со украински знамиња ги пречекуваат ослободителите.

    Украинското знаме денеска беше кренато и на зградата на управата на Херсон, единствениот регионален главен град што Русите го имаа освоено од почетокот на војната. Херсон исто така е еден од четирите украински региони што Русија незаконски ги анектираше и Кремљ тврди дека повлекувањето на руските сили на источниот брег на Днепар не го менува неговиот статус како дел од Руската Федерација.

    Руското министерство за одбрана денеска објави дека сите руски војници сосе воената опрема се повлекле од западниот брег на реката, каде што се наоѓа и Херсон.

    Специјалната воена операција продолжува. Повлекувањето од Херсон не е понижување“, кажа портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Предвоениот гувернер на Херсон, Серхиј Хлан, изјави дека речиси целиот град е под контрола на украинските сили и ги повика жителите да не ги напуштаат своите домови додека трае потрагата по скриените руски војници.

    Голем број руски војници се удавиле при повлекувањето од Херсон преку Днепар, а некои облекле цивилна облека и се обидуваат да се сокријат“, изјави Хлан.

    Проруските блогери денеска пишуваа дека руските сили биле изложени на жестоко украинско гранатирање при преминувањето на Днепар.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира