УКРАИНСКИ ДРОНОВИ ЗАПАЛИЈА ВТОРО СКЛАДИШТЕ СО НАФТА ВО РОСТОВ, НАПАДНАТА И РАФИНЕРИЈА ВО КИРОВ, ОДДАЛЕЧЕН 1.500 КМ ОД ГРАНИЦАТА

    УКРАИНСКИ ДРОНОВИ ЗАПАЛИЈА ВТОРО СКЛАДИШТЕ СО НАФТА ВО РОСТОВ, НАПАДНАТА И РАФИНЕРИЈА ВО КИРОВ, ОДДАЛЕЧЕН 1.500 КМ ОД ГРАНИЦАТАТелеграм каналот „База“ објави дека во Ростов горат три резервоари со нафта откако паднале два дрона

    Украински напад со дронови предизвика голем пожар во складиште за нафта во јужниот руски регион Ростов, а во исто време бил нападнат регионот Киров, оддалечен околу 1.500 километри од границата, објавија властите.

    Нема жртви, пожарникарите го гаснат огнот“, изјави гувернерот на Ростов, Васили Голубев.

    Телеграм каналот „База“, кој е поврзан со руските безбедносни служби, објави дека во Ростов горат три резервоари со нафта откако паднале два дрона. Ова складиште беше нападнато и во почетокот на овој месец.

    Денешниот напад доаѓа додека се уште не може да се изгасне пожарот во складиште за нафта во округот Пролетарск во Ростов, десетина дена по украински напад.

    Украински дронови денеска нападнаа и нафтена рафинерија во градот Котелнич во регионот Киров, изјави гувернерот Александар Соколов. Тој додаде дека притоа не бил предизвикан голем пожар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира